IT во општеството PDF Печати Е-пошта

ИНФОРМАТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА ВО ГЛОБАЛНОТО ОПШТЕСТВО

 

Социјален и етички аспект

 

Етиката претставува дел од филозофијата која ги проучува моралните принципи и норми . Таа не учи што е добро , а што е лошо. Таа се нарекува морална филозофија.

 

Етиката и информатичката технологија

            Во услови на поширока компјутеризација на средината во која работиме и живееме се јавува потреба од дефинирање на некои правила зa однесување на поединците при работењето со компјутерската технологија. Во таа насока современиот образовен систем ја вклучува етиката која има задача поучување на учениците на етичко и коректно однесување при користење на информатичката технологија. Тоа всушност бара пред се` рамноправен достап до компјутерите и еднаква можност за користење на ИТ , за да се развие свеста за користење во согласност со етичките норми и принципи.

 

Најчести причини за прекршување на етичките норми?

-        Основна причина кога човек работи со компјутер е чувството на неприкосновеност . Многу луѓе не ги сметаат за сериозни престапите од типот : пуштање компјутерски вируси, нелегално користење и копирање софтвер, недозволено влегување во туѓ компјутер итн.

 

Последиците од неетичко користење на ИТ може да бидат многу штетни и опасни како за поединците така и за општеството во целина.

 

Правила за компјутерска етика од Институтот за компјутерска етика во Вашингтон:

1.Не користи го компјутерот за да повредиш други луѓе.

2.Не ставај го носот во туѓи датотеки.

3.Не користи го компјутерот за да крадеш.

4. Не користи го компјутерот за давање лажни докази.

5.Не копирај и не користете недозволено авторизиран софтвер.

6.Не користи туѓ интелектуален призвод.

7.При пишување и користење на програма или  при проектирање на систем постојано терба да се мисли на можните социјални последици од нив.

 

Основни области во компјутерската етика:

1.Софтверско пиратство

2.Сопственост-почитување на сопственоста.

3.Кражба на софтверски производи и услуги

4.Кражба на податоци.

 

Типични нарушувања на компјутерската етика се:

1.Користење туѓи датотеки и лозинки.

2.Користење на компјутерски вируси и други програми кои се уништувачки за хардверот и софтверот.

3.Испрачање на мареријали и други навредливи и вулгарни содржини по Интернет.

4.Користење на софтвер заштитен со авторки права ,без дозвола .

 

Дигитален јаз или дигитална поделба претставува проблемот на неравноправно користење на Информатичката технологија изразена на светско ниво. Богатите на една страна со своето богатство и моќ да можат да користат се` од ИТ , и сиромашките неразвиени земји кои неможат да ги користат благодетите бна ИТ. Во вакви услови на нерамноправност јазот се` повече се продлабочува па богатите стануваат уште побогати , а сиромашките повече заостануваат во развојот.

 

Информатичката технологија во образованието

 

ИТ и компјутерската техника  не се преодни појави.Тие имаат трајно место во животот и работењето на современиот човек.

Тие имаат влијание врз формирањето на нови карактеристики на личноста и тоа:

ДОБРИ- развој на фантазијата , логичко мислење , чувство на хармонија и убавина итн.

ЛОШИ- нечовечност , насилство , жестокост итн.

 

КОГА , КАДЕ и КАКО да се организира користењето на информатичката технологија во образованието?

ПРВА тенденција – Образованието да се организира и да се прилагодува во согласност со можностите на ИТ.

ВТОРА тенденција- Организација на образованието во согласност со специфичните барања на образовниот систем.

 

Практично - компјутеркста техника и информатичката технологија  треба да се вклучат во целата структура на образовниот систем почнувајќи од предучилишните установи па се` до високото образование.

При тоа потребно и неопходно тие да се адаптираат кон особеностите на образовниот систем во замјата.

 

Заштита на интелектуалната сопственост

 

Интелектуална сопственост претставува сопственост над се` што е производ на човечкиот интелект.

Интелектуалната сопственост може да биде:

1.АВТОРСКИ ПРАВА (уметност , литература  и музика).

2.ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ( индустриски производи , технолошки постапки, производи , хардвер и софтвер).

 

Права на сопственикот :

-Единствено право на користење и репродукција.

-Давање дозвола на други заинтересирани за користење.

Фер употреба на интелектуална сопственост претставува определување на ситуации во кои делата заштитени со авторско право или индустриска сопственост може да се користат без дозвола на сопственикот(најчесто за едукација во ситуации кога употребата не се коисти за да се извлече некоја материјална корист).